Рубен Аморим е подготвен за сериозни промени во тимот на Манчестер Јунајтед за дуелот со Њукасл што на програмата е викендов, меч на кој се очекува цената за слабата форма да ја плати Андре Онана.
Камерунецот е жестоко критикуван за слабите настапи во текот на целата сезона, но дното го допре на синоќешното гостување во Лион на кое можеше подобро да реагира и при двата гола на францускиот тим. Аморим веднаш по мечот го поддржа својот голман во изјавата дадена на прес-конференцијата, но португалскиот стручњак веќе го загуби трпението со искусниот голман.
Информациите од Англија говорат дека Онана ќе биде преселен на клупата, па против Њукасл на голот ќе се најде турскиот интернационалец Алтај Бајиндир. Во зависност од настапот на Бајиндир, Аморим дополнително ќе одлучи дали Турчинот да остане на голот и за реваншот против Лион или Онана ќе се врати.
Едно е сигурно, португалскиот стратег го посочи ангажманот на нов голман како еден од приоритетите на Манчестер Јунајтед за следниот преоден рок. Онана веќе се подготвува за заминување, а најсериозна опција за екс-голманот на Ајакс и Интер е преселба во Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА