На Анчелоти му се заканува суспензија од четири меча

Фудбалската федерација на Шпанија отвори истрага против тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти поради коментирање на судиските одлуки на натпреварот од 12. коло во шпанската Ла лига во кој неговиот тим одигра нерешено 1-1 против Жирона.

Гостите до бод на овој меч стигнаа во 80. минута преку Кристијан Стуани од пенал. Анчелоти по мечот изјави дека Реал Мадрид е оштетен на овој меч и истакна дека арбитрите измислиле пенал против неговиот тим.

Шпанските медиуми наведуваат дека Анчелоти поради оваа изјава може да добие суспензија од два до четири меча. Тренерот на Реал Мадрид во среда ќе даде изјава околу целиот случај, но најверојатно тој ќе нема да може да го води својот тим до почетокот на Светското првенство.

Се вчитува...