На Анчелоти му се закануваат пет години затвор?

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се најде во големи проблеми. Обвинителството за искусниот стручњак побара пет години затвор поради прикривање на данок во 2014 и 2015 година, во неговиот прв мандат на клупата на „кралевите“.

Според информациите, Анчелоти избегнал одданочување на своите маркетиншки права и имоти во текот на тој период, со што го оштетил буџетот на Шпанија за нешто повеќе од 1 милион евра.

Наводно Италијанецот ги симулирал отстапувањето на своите права на други компании, со што криел приходи.

Се вчитува...