На Ангеловски никако да му тргне во Хрватска: Горица загуби и сега е „фенерџија“

Поранешниот селектор Игор Ангеловски и натаму ја чека првата победа на клупата на Горица. Шанса за такво нешто имаше денеска, кога неговиот тим го пречека „фенерџијата“ Ријека. Меѓутоа тимот на Ријека со три бода си замина од ова гостување, со што Ангеловски остана со празни раце.

Ријека до триумфот стигна со голови во второто полувреме, а покрај неколкуте измени кои ги направи Ангеловски, сепак, немаше промена на резултатот на подобро.

Ангеловски ја презеде клупата на Горица на почетокот на септември, и од тогаш има четири порази и само едно „реми“ минатото коло со Шибеник. Загуби од Вараждин, Осијек, Динамо Загреб и сега Ријека.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...