На Арда Туран му се закануваат 12,5 години затвор

Арда Туран се соочува со обвинение за сексуално вознемирување, нанесување тешки физички повреди и недозволено носење оружје и за него е побарана затворска казна од 12,5 години.

Турското обвинителство покрена порцес против фудбалерот за инцидентот кој се случи пред истанбулски ноќен клуб кога Туран му го скрши носот на познатиот пејач Беркај Шахин откако претходно ја вонемирувал неговата сопруга.

Туран кој има 100 настапи за репрезентацијата на Турција, игра за Башакшехир од минатата сезона, како позајмен играч од Барселона.

 

 

 

 

 

Се вчитува...