На арената на Спарта Прага се „коваше“ победничката тактика за Украина (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Прага
Горан Бошев

ФОТО: Роберт Спасовски

Македонскиот национален тим тренираше на „Епет Арена“ во Прага, во пресрет на утрешниот натпревар против Украина. Меч кој е „да се биде или не“ за Македонија во овие квалификации.

Македонија во домот Спарта Прага ја одржа последната подготовка и ја „коваше“ победничката тактика за победа против Украина. На тренингот присуствуваа сите играчи, што значи дека селекторот Благоја Милевски ќе нема проблеми околу составувањето на тимот.

Утре мечот стартува во 15:00 часот.

 

Се вчитува...