На атрактивната Бушар и е досадно во карантин: „Барем да имам дечко…“

Атрактивната тенисерка Еугени Бушар признава дека тешко го поднесува времето во карантин. Канаѓанката е приморана, во времето на пандемијата, да биде главно дома зад затворени врати а времето го минува, како што вели, главно на интернет.

Неодамна на Твитер објави интересен статус кој посебно го заинтригира машкиот свет…

„Не е дека се жалам, но овој карантин би бил многу поинтересен да имам дечко“ – напиша Бушар, по што сосема очекувано следеа бројни љубовни понуди.

Со тоа тенисерката откри и дека не е повеќе со Конор Дејвис, братот на американска манекенка, со кого минатата година ја „уловија“ папараците.

 

View this post on Instagram

 

literally sitting at home waiting, all packed and ready to go ???‍♀️

A post shared by Genie Bouchard (@geniebouchard) on

Се вчитува...