Ули Хенес, човекот кој мина речиси 50 години во Баерн како играч и како дел од раководните структури, призна дека на Баерн му недостасува Роберт Левандовски кој летоска замина во Барселона. Екс претседателот на Баерн кој се повлече пред две години од функцијата, призна дека оваа сезона на „Баварците“ им недостасува класична „деветка“.
Баерн Минхен оваа сезона не игра како што од нив се очекува во Бундеслигата. Хенес смета дека доколку тимот имал класична „деветка“, сега ќе имал барем шест бода повеќе на табелата.
„Ни недостасува напаѓач. Водиме со 2-0 и наместо да дојдеме до трет, четврт гол ние потоа сами си правиме паника. Да се пушти Роберт е важна и тешка одлука, но мислам дека да имавме шпиц во Дортмунд, сигурно ќе го добиеме натпеварот. Видовте колку Модест е важен за Борусија. За жал Баерн нема нашаѓач во моментов. Немаше пари за врвен голгетер. Бевме убедени дека ќе ја надоместиме загубата на Роберт. Ова прашање треба да се реши, барем на среден рок“, изјави почесниот претседател на Баерн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

