Шпанскиот гигант Барселона се наоѓа во незавидна ситуација во Лигата на шампионите, откако го загуби првиот осминафинален натпревар против ПСЖ со 4-0. Сега на каталонците им е потребна вистинска магија на реваншот на „Камп Ноу“ за да ја анулираат огромната негатива и да се пласираат во следната рунда. Можеби затоа на гости го повикаа врвниот магионичар Стивен Фрејн, попознат под псевдонимот Дајнамо, кој со своите изведби ги изненадува луѓето ширум светот.
Дајнамо е илузионист и професионално со ова се занимава во изминатите 15 години. Дали Барселона од него ќе бара неверојатна кореографија за реваншот со ПСЖ, како еден вид мотив за фудбалерите пред стартот на мечот или се работи за сосема поинаква посета, останува да покаже времето.
Очигледно дека на „Камп Ноу“ знаат дека освен магијата на Лионел Меси, за елиминација на ПСЖ ќе им биде потребна и малку поинаква магија…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА