На Барса и тргна со поразите – Димитриоски и Карапалевски му го земаа „скалпот“ на фаворитот

Ракометарите на Барселона го доживеја и вториот пораз во низа во домашниот шампионат, нешто што им се нема случено од сезоната 2009-2010.

Вечерва подобри од Каталонците беа ракометарите на Реал Валјадолид чив член е и македонските интернационалци Мартин Карапалевски и Димитар Димитриоски со 26-24.

Домаќинот одигра одлично прво полувреме по кое имаше предност од плус пет 15-10. Во вториот дел успеаја да ја задржат предноста и да стигнат до голема победа над фаворитот. Карапалвески беше стрелец на три гола, додека Димитриоски погоди еднаш.

Се вчитува...