Шпанскиот евролигаш Барселона се одлучи на непопуларен потег официјално лимитирајќи дел од навивачите на противничките тимови да имаат пристап до билети за европските натпревари кои во новата сезона ќе бидат одиграни во „Палау Блауграна“.
Каталонците ги пуштија во продажба билетите за домашните натпревари во Евролигата, а осум тимови нема да можат да имаат поддршка од своите најверни фанови во домот на шпанскиот гигант.
За навивачите на Партизан, Црвена Звезда, Панатинаикос, Олимпијакос, Фенербахче, Андолу Ефес, Хапоел Тел Авив и Жалгирис нема да има достапен билет и на овие натпревари до ист ќе можат да стигнат само фановите кои се зачленети во официјалниот фан клуб на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

