На Белингем му се заканува суспензија од 12 натпревари

Директниот црвен картон на Џуд Белингем на натпреварот против Осасуна за пцовки кон судијата се уште е топ тема во светот на фудбалот.

Англискиот фудбалер образложи дека станало збор за недоразбирање, меѓутоа судијата изнесе нови аргументи велејќи дека навредувана била неговата мајка со зборовите „кучкин син“.

„Кога Белингем ми порача дека треба „да одјебам“, јас молчев. Тој продолжи и ми ја навреди мајката без која останав и одлучив да го исклучам. Ме нарече кучкин син. Знам дека мојата мајка не е кучка, затоа одлучив да го исклучам“, изјави Мартинес Мунуера.

На целиот случај сега му следи детална истрага, а максималната казна која може да ја добие Англичанецот е 12 натпревар. Доколку ја добие истата ќе го пропушти големото дерби против Барселона на 11. мај.

Се вчитува...