На бламажата на Далас и нема крај: Се повреди и Егзум, тимот ќе остане без доволно кошаркари за игра

Далас Маверикс без сомнеж е најмалерозната НБА франшиза оваа сезона. По лошиот трејд потег во кој останаа без услугите на Лука Дончиќ и по повредите на клучните кошаркари како Кајри Ирвинг и Ентони Дејвис сега добија уште полоши вести.

Во продолжението од сезоната дел од составот нема да биде ниту Дани Егзум, австралискиот репрезентативец кој заработи скршеница на дланката на левата рака.

Новата повреда нови и катастрофални вести бидејќи сега тимот има само осум кошаркари меѓу кои е и Кеслер Едвардс, кошаркарот со двојна лиценса кој може да одигра само уште три натпревари во НБА лигата. Ваков договор имаат и Брендон Вилијамс (уште шест натпревари во НБА), како и Каи Џоунс (уште 11 натпревари).

Тоа значи дека доколку во следните натпревари Далас нема доволно кошаркари (осум) за настап тоа ќе значи и служебен пораз.

Се вчитува...