Во екипата на Бордо проблемите се нижат еден по друг. Славниот клуб и официјално испадна во третата лига поради финансиски проблеми. Тимот испадна од Лига 1, се пресели во втората по ранг лига, но потоа административно е исфрлен во третата. И покрај поднесената жалба да игра во Лига 2, сепак, е одбиена.
Интересно е дека Бордо во 1991 година е исфрлен во втора лига, а сега му се заканува и испаѓање во петти ранг.
„Јасно е дека со оваа одлука се заканува згаснување на клубот“, порача директорот на тимот.
Последната одлука веројатно значи и заминување на претседателот Жерард Лопез, по што францускиот гигант ќе прогласи банкрот, ќе биде ликвидиран и префрлен во аматерска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА