Фудбалерот на Фиорентина, Едоардо Бове е опериран и му е вграден дефибрилатор, откако колабираше на натпреварот во Серија „А“ против Интер на 1. декември.
Се испостави дека играчот на виолетовите доживеал срцев удар. Сомнителна причина е миокардитис, воспаление на ткивото на срцевиот мускул.
Вградувањето на дефибрилатор значи дека кариерата на Бове во Италија е готова, и дека тој ќе мора да продолжи во странство. Италија не дозволува спортисти со дефибтилатор да настапуваат во нивните шампионати.
Така Бове за првпат може да ја продолжи кариерата надвор од Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА