Играчот од средниот ред Рики Пуиг, ја напушти Барселона и се реши кариерата да ја продолжи во МЛС Лигата во дресот на ЛА Галакси. Пуиг пред десетина дена си замина од Барса, а многумина останаа изненадени откако дознаа дека ќе продолжи во САД, иако имаше понуди за него од Европа.
Младиот играч за врска сигурно ќе биде големо засилување за тимот на Галакси, а во интервју за американските медиуми го критикуваше сегашниот тренер Чави. Пуиг е дете на Барса, а ниту кај Куман ниту кај Чави не доби шанса.
„Последниот месец во Барселона беше тежок за мене. Бев изоставен од списокот за турнејата во САД и тоа никогаш претходно не сум го доживеал. Бевме неколку играчи кои останавме сами да тренираме, додека останатите беа на турнеја и играа натпревари. Тоа многу ме погоди“, рече Пуиг.
Посебно се сврте кон челниците на клубот и кон тренерот Чави.
„За нив немам ништо да кажам и не сакам да ги споменам. Никогаш во животот не ме разочарал толку колку што ме разочара Чави и Барселона. Тоа е се што имам да кажам за нив“, рече 23-годишниот Пуиг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

