На Челси ќе му одземат бодови?

Екипата на Челси би можела да биде казнета од страна на челниците на Премиерлигата, поради кршење на финансискиот фер-плеј во ерата на Роман Абрамович.

Неодамнешната истрага која ја спровел „Гардијан“, открила бројни исплати вредни по десетици милиони фунти, пренасочени низ „офшор“ сметките на Абрамович. Корисници на наведените исплати наводно биле агентот на Еден Азар, соработник на Антоио конте, а наводно и посредниците на трансферите на Самуел Ето и на Вилијан.

Документите доброволно биле предадени од новите газди на Челси откако пронашле нецелосни финансиски податоци кои се однесуваат на мандатот на Абрамович, поради што добија казна од 8,6 милиони фунти од страна на УЕФА.

Меѓутоа долгорочно гледано последиците врз клубот може да бидат далеку полоши. „Гардијан“ пишува дека ако се утврдат наводните исплати кои ги кршат фудбалските правила, тогаш Премиерлигата може да им одземе и бодови.

Челси освои 18 трофеи во ерата на Абрамович, што е најмногу од било кој англиски клуб во текот на 19-годишното владеење. Пет титули во Премиерлигата, пет ФА Купови, три Лига Куп, два трофеи во Лигата на шампионите, две во Лигата на Европа, две во „Комјинити шилд“, ФИФА светско првенство и УЕФА Супер-куп.

Се вчитува...