На чии навивачи најмногу ќе им треба освежување за време на овој Mундијал?

Како официјални производи на FIFA World Cup Qatar 2022™ апаратите од Gorenje се избрани да станат дел од вашиот победнички тим во домот!

Возбудата на фудбалските фанови ширум светот за најочекуваниот спортски настан во годината е на врвот. Gorenje, официјалниот спонзор на FIFA World Cup Qatar 2022™, ја разбира треската меѓу навивачите и, со најдобрите апарати за домаќинство кои ќе ви бидат секогаш при рака за посветено навивање од каучот, ве поканува на освежување. На чии навивачи најмногу ќе им треба освежување? Во минатото сигурно беа Бразилците, бидејќи нивната фудбалска репрезентација рекордно пет пати го освои светското првенство.

Тимови кои донесоа најголема радост

Овогодинешното светско првенство со нетрпение го очекуваа сите љубители на фудбалот. Gorenje како официјален спонзор на FIFA World Cup Qatar 2022™, исто така, има големи очекувања за одлични натпревари и атрактивни голови, исклучителни фудбалски таленти и емоции кои само овој неверојатен спортски настан може да ги предизвика. Повеќе од 200 земји учествуваа во едногодишните квалификации, а на првенството се квалификуваа 32 екипи. Европските земји доминираат по бројот на освоени титули, но рекордерите доаѓаат од Јужна Америка. Бразил е единствената земја која учествувала на секое светско првенство!

Кому му е потребно освежување?

Може ли да се сруши рекордот на Бразил на овогодинешното првенство? Само Германија може да ја освои петтата титула светски шампион на овогодинешното светско првенство и со тоа да го израмни рекордот на Бразил. Италија, која исто така досега има четири титули на светското првенство, беше елиминирана во квалификациите. По бројот на освоени пехари следат Франција, Аргентина и Уругвај со по два трофеи. Бразил секако цели кон шестата светска шампионска титула. Сите очи повторно се вперени во трофејот што очајно го посакуваат сите фудбалски нации. Покрај горенаведеното, има и други амбициозни тимови со неверојатни играчи кои можат да го понудат фудбалскиот спектакл што сите го бараме.

Gorenje нуди време за освежување

Ефективноста на секој голем тим се потпира на иновативен пристап, специјални техники и уникатни силни страни. Овие карактеристики ги претставуваат и апаратите за домаќинство на Gorenje. Фрижидерите на Gorenje станаа официјални производи на FIFA World Cup Qatar 2022™. Тие се внимателно избрани за да внесат свежина во домовите на фудбалските фанови ширум светот. Напредните технолошки решенија обезбедуваат значителнa заштедa на енергија, разновидните добро осмислени функции овозможуваат удобност и лесно користење, а одличниот дизајн одговара и на модерните и на потрадиционалните домови. Апаратите на Gorenje ќе го направат искуството на светското првенство освежувачко, но и ќе останат корисен „тим од играчи“ во домот на секој навивач долги години.

Gorenje FIFA World Cup Qatar 2022™ • Време е за освежување!

Одвојте време за одлична понуда

Како официјални производи на FIFA World Cup Qatar 2022™, Gorenje апаратите се избрани да станат дел од вашиот домашен победнички тим. Дознајте повеќе за квалитетот и ефикасноста на Gorenje и одвојте време да ја проверите одличната освежувачка понуда: Уживајте во FIFA World Cup Qatar 2022™| gorenje-mk. Достапно само нa mk.gorenje.com или во најблиските продажни партнери на Gorenje.

За спонзорството на Gorenje на FIFA World Cup Qatar 2022™

Gorenje со децении ја гради свеста за брендот спонзорирајќи ја европската ракометна лига, а во последните две години брендот успешно влезе и во светот на фудбалот. Спонзорството на Gorenje на FIFA World Cup Qatar 2022™ е повеќе од само објавување на името на брендот и логото. Станува збор за посветеноста на компанијата да го поддржи светот на спортот, градејќи репутација како грижлив, одговорен и силен бренд на апарати за домаќинство. Дополнително, поддршката на спортот значи активно да се биде значаен дел од првенството, како и партнер на навивачите во нивното секојдневие. Со развивање и производство на модерни, висококвалитетни, сигурни и енергетски ефикасни апарати за домаќинство, Gorenje им помага на луѓето да го поедностават својот живот. Ова им овозможува на клиентите ширум светот да поминуваат повеќе време уживајќи во она што го сакаат и со оние што ги сакаат, а помалку време да се грижат за нивните секојдневни задолженија и обврски.

Се вчитува...