На чија клупа е Луческу во Украина – тој победува

Легендарниот романски тренер Мирчеа Луческу кој долги години беше на кормилото на Шахтјор Допџецк, со тотула во Суперкупот на Украина ја стартуваше одисејата во најголемиот ривал Динако Киев. Тој стана првиот тренер што го освоил Суперкупот на Украина со два различни тима. Претходно тоа го стори со Шахтјор Доњецк кој го предводеше во периодот од 2004 до 2016 година.

Динамо Киев оствари победа од 3-1 над Шахтјор Доњецк во натпреварот од Суперкупот на Украина.

„Имавме многу повредени фудбалери и противникот важеше за фаворит. Но, им порачав на фудбалерите да одиграат најдобро што умеат и тие ме послушаа“, изјави Мирчеа Луческу по триумфот.

Под негово водство, Шахтјор Доњецк освои осум титули шампион на Украина, а го освои и трофејот во Купот на УЕФА.

Се вчитува...