На Џака му се слоши на мечот со Вулверхемптон, неизвесен за Мундијалот?

Фудбалерот на Арсенал, Гранит Џака се пожалил на болки во текот на мечот со Вулверхемптон, и мораше предвреме да ја напушти играта. Швајцарецот беше сменет уште во 15. минута и на негово место влезе Фабио Виеира. Џака почувствува проблеми веќе во втората минута, се држеше за стомак и се чини дека станува збор за болест. Англиските медиуми пишуваат дека навистина изгледа лошо.

Џака се најде на списокот на репрезентацијата на Швајцарија за Мундијалот, но сега ќе треба да му бидат направени дополнителни прегледи пред да отпатува во Катар.

Швајцарија на СП е заедно со Бразил, Србија и Камерун. Џака е еден од адутите на Швајцарците за добар резултат, и доколку не може да настапи, тогаш би било голем хендикеп.

Се вчитува...