На Ди Марија не му се брза со трансфер во Торино, чека повик од Лапорта да се пресели во Барселона

Анхел Ди Марија посакува трансфер во Барселона, па поради тоа и не брза со потпишување на договор со Јувентус од кој има конкретен интерес.

Според „Мундо Депортиво“, Ди Марија смета дека одолговлекувањето на Аргентинецот е затоа што чека понуда од Лапорта да се пресели во Барселона.

Тимот од Каталонија би требало да го загуби Усман Дембеле кој се шпекулира дека е најблиску до потпис со Челси.

Каталонците преферираат да го купат Рафиња од Лидс, но финансиската ситуација нема да им дозволи да го направат тоа ова лето, па се верува дека Ди Марија може да им биде краткорочно решение за таа позиција.

Тоа би било враќање на Ди Марија во Шпанија, тој четири години играше за најголемиот ривал на Барселона, Реал Мадрид.

Се вчитува...