Младиот суперталентиран голман на Милан, Џанлуиџи Буфон, одби да потпише нов договор со клубот, а тоа покрена лавина од реакции од фановите и од фудбалската јавност во Италија. Тој беше обвинет дека трча само по пари, па на мечот на „аѕурите“ на ЕП во Полска за фудбалери до 21 година, на Донарума му беа фрлени долари зад голот, а навивачите почнаа да го нарекуваат „Доларума“.
Но, агентот Мино Рајола тврди дека Донарума добивал смртни закани и дека поради безбедноста на семејството сака да си замине од „Сан Сиро“.
„Згрешив што веднаш не ја прекинав оваа пеколна машина. После добивање на такви ниски удари, не можевме да потпишеме. Донесовме одлука која што претходно не ја сакавме. Не се работи за пари, туку за сериозни закани по живот“, изјави Мино Рајола.
Ситуацијата со Џанлуиџи Донарума будно ја следи Реал Мадрид, но и уште неколку европски великани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА