На „Драгао“ извонредна кореографија како поддршка за Икер Касилјас (ВИДЕО)

Порто синоќа славеше со 4-0 против Авеш во португалското првенство продолжувајќи ја битката со Бенфика за шампионската титула.

Но, мечот мина и во знакот на извонредната кореографија и скандирања кои ги приредија навивачите на Порто на „Драгао“ во знак на поддршка на голманот Икер Касилјас кој поради срцеви проблеми во моментов е хоспитализиран и најверојатно ќе ја заврши кариерата. Касилјас утре треба да ја напушти болницата во Порто…

Се вчитува...