Јапонија размислува за проширување на мерките за борба против пандемијата на коронавирусот во Токио и другите региони, кои ќе бидат во сила од две недели до еден месец. Сето ова се случува на 25 дена пред почетокот на Летните олимписки игри во главниот град на Јапонија.
Според јапонските медиуми, во моментов, Токио, како и некои други градови, се наоѓаат во вонредна состојба, која требаше да биде укината на 12 јули. Сепак, зголемувањето на бројот на заразени ги погоди службените лица и може да влијае на бројот на гледачи во спортските објекти за време на Олимписките игри.
Јапонската влада размислува за продолжување на мерките, што би значело дека и почетокот на Олимпијадата, на 23 јули, ќе биде под истите мерки. Денес треба да се одржи состанок на Владата за мерките за коронавирус и на него ќе се дискутираат начините за решавање на можниот скок на бројот на заболени од Ковид-19.
„Сите одлуки за мерките ќе бидат донесени врз основа на ситуацијата што ја имаме на терен“, рече генералниот секретар на кабинетот Кацунобону Като на прес-конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА