На елиминацијата на Наполи се „израдува“ Јувентус: „Бјанконерите“ се пласираа на светското клупско првенство 2025

Јувентус е десеттиот тим кој обезбеди пласман на ФИФА светското клупско првенство, откако Наполи вечерва беше елиминиран од Барселона во Лигата на шампионите. „Бјанконерите“ станаа 10-тиот тим од Европа кој се пласираше на собирот на најдобрите светски клубови.

До сега пласман на клупското првенство од Европа обезбедија уште и Челси, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика и Борусија Дортмунд.

Светското клупско првенство ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули 2025 година во САД.

Се вчитува...