На Енди Мареј тенисот му е преку глава, сака да игра фудбал

Британецот Енди Мареј по успешната тениска кариера сака да се проба и во некој друг спорт. Првиот светски рекет вели дека понекогаш се чувствува презаситен од тенисот и посакува поинаков предизвик во некој друг спорт. Фудбалот е негова голема љубов, па не е исклучена можноста еден ден да се појави и на тој терен.

„Би сакал да се пробам и во некој друг спорт, на пример, фудбалот е еден од моите омилени спортови. Го обожувам. Победите во таков спорт предизвикуваат различни чувства бидејќи соблекувалната е полна со играчи кои ги делат истите чувства, додека во тенисот е човек-тим на теренот. Победите и поразите носат многу емоции и потоа кога се враќате во соблекувалната на два метри од вас е човекот што сте го победиле или од кого сте изгубиле. Тоа понекогаш може да создаде чудна атмосфера“ – вели Енди Мареј.

Откако го освои Вимблдон во 2013 година и стана првиот Британец што го постигнал тоа по 77 години, а  потоа стигна и до првото место на светската тениска ранг-листа, Енди Мареј открива дека се се соочувал со презаситеност од белиот спорт.

„Се чувствував испразнето и изгубено неколку месеци по триумфот на Вимблдон. Со години се зборуваше за тоа дали и како ќе го освојам Вимблдон, постојано ме прашуваа за тоа. И, потоа кога го освоив, не знаев што потоа. Се прашував што да правам сега, како тоа да беше моја единствена цел во тенисот. Тоа беше толку важен дел од приказната што не знаев што следува после тоа“ – открива Мареј.

Слични чувства го притискале британскиот тенисер и кога стигна до првото место на АТП листата.

„Кога дојдов на првото место ми беше малку поинаку, но го знаев тоа чувство на испразнетост и на изгубеност после толку големо достигнување. Знам дека ќе останам во тенисот и по завршувањето на играчката кариера. Можеби не веднаш кога ќе завршам, бидејќи сакам да поминам неколку години надвор од сето тоа и да бидам дома со семејството“ – вели Британецот.

marej 2

marej2

marej6

Се вчитува...