Ливерпул треба да добие големо засилување во наредните денови, откако играчот што го бара „половина Европа“ им рече „да“ на „црвените“. Станува збор за Јан Диоманде, 19-годишниот крилен офанзивец на Лајпциг кој воедно е и репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска.
Тотенхем Хотспур беше првиот тим што ги испрати своите скаути да го следат, набрзо потоа и Ливерпул, но и Манчестер Јунајтед.
Интересот за Диоманде доаѓа од целиот свет, а меѓу клубовите заинтересирани за него се Реал Мадрид, Барселона, Париз Сен Жерен и Баерн Минхен.
Сепак, Диоманде јавно објави кој клуб го почитува и каде би сакал да ја продолжи кариерата.
„Сакам да играм на Енфилд, сакам да играм за Ливерпул“, рече Диоманде за време на пренос во живо на Инстаграм.
„Јас сум голем навивач на Ливерпул, сонот на мојот татко е да ме види како играм за Ливерпул“.
Сепак, она што ги мачи челниците на Ливерпул е тоа што мора да платат навистина огромна сума пари за да го доведат.
Доведувањето на овој играч на лето би можело да чини малку помалку, но јасно е дека нема да чини помалку од 100 милиони евра, а наводно точната бројка е 120 милиони евра, вклучувајќи ги сите бонуси.
Диоманде испиша историја како најмлад играч што постигнал хет-трик во Бундеслигата, тој досега има седум гола и четири асистенции на 16 меча за Лајпциг сезонава, со што го привлече вниманието на гигантите ширум Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

