ЕКИПА во Букурешт
Роберт Спасовски (ФОТО)
Македонските навивачи полека веќе го окупираат Букурешт пред утрешниот деби-натпревар на националниот тим на ЕВРО 2020. Но, пристигнуваат и Австријците…
Сосема очекувано меѓу Македонците е и еден од најголемите фанови на националниот тим кој повеќе од 25 години е безусловна поддршка за македонската репрезентација, Горан Кипријановски – Кипре. Овој пат во центарот на Букурешт во друштво и на австриските фанови.
„На ЕВРО нема омраза меѓу фановите… Напротив, само љубов и заедничко уживање во врвни натпревари. А, на крај, нека победи подобриот“ – порачуваат фановите од двете земји.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА