Белгискиот играч од средниот ред Кевин де Брујне на лето би требало да го напушти тимот на Манчестер Сити. Нема нови информации околу неговата иднина, и се чини дека Белгиецот по долги години ќе мора да си бара нова средина.
Слободен е да бара нова средина, а како можни дестинации се споменуваа САД и Саудиска Арабија. Токму од Саудиска Арабија пристигна најновата понуда, за на лето да го донесат еден од најдобрите играчи во Премиер-лигата.
Станува збор за второлигашот Неом, кој се обидува да се пласира во елитниот ранг и на добар пат се за таа цел. Моментално се првопласирани, со седум бодови повеќе од Ал Хасем.
Парите веројатно не би биле проблем, а таму би играл со Саид Бенрахма кој беше дел од Вест Хем, Брентфорд и Лион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА