Секоја сезона – иста песна за Арсенал. „Топчиите“ долго време се аспиранти за врвот, но кога ќе се влезе во разврска за шампионската титула, тие секогаш попуштаат и го губат чекорот. Таква е приказната и во Лигата на шампионите, па на фановите на лондонскиот клуб им дојде преку глава. Тие бараат менаџерот Арсен Венгер, кој цели 20 години е на кормилото на тимот, да си замине по завршувањето на оваа сезона.
„Оди си, Венгер“, беше транспарентот што вчера се појави на „Енфилд роуд“, каде Арсенал го положи оружјето пред Ливерпул и загуби со 3-1. Венгер повторно правеше експеримент, и покрај тоа што го немаше на располагање Месут Озил поради болест, го остави на клупата од стартот и Алексис Санчез. Тоа, секако, Ливерпул знаеше да го искористи.
И, незадоволството кај фановите на Арсенал е се поголемо…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА