„На Федерер ќе му треба време да си признае сам на себе дека Ѓоковиќ е најдобар“

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Марјан Вајда ги коментираше последните случувања во „белиот спорт“.

Токму српскиот тенисер го одбележа претходниот период освојувајќи го третиот Ролан Гарос во кариерата.

Вајда и Ѓоковиќ соработуваа речиси 15 години и сосема беше природно што Словакот говореше на сите теми поврзани со Србинот, но и за Роџер Федерер.

Минатата година Роџер Федерер веднаш му го честиташе 22. гранд-слем на Надал, додека овој пат кога славеше Новак малку задоцни.

„Ќе му треба време за официјално да признае дека Ѓоковиќ е најдобриот играч на сите времиња. Сега нема сомнеж во тоа. Со оваа форма и претходните резултати на Вимблдон, Новак е на пат до уште една титула за неколку недели во Лондон. Не би разговарал за односот со Федерер, но се зависи од големината на играчот за да се признае дека Ѓоковиќ е подобар“, изјави Вајда. 

Се вчитува...