Најверните навивачи на МЗТ Скопје, „Фемили Аеродром“ незадоволни од целокупните случувања во нивниот клуб и тонењето на клубот изминативе години, денеска побараа оставка од раководството на клубот и директорот Филип Ѓоревски.
„Рибата смрди од кременадлата“ – напишаа од „Фемили Аеродром“ на своите официјални профили на социјалните мрежи, алудирајќи на прекарот на директорот на МЗТ Скопје, Филип Ѓоревски – „Кременадла“.
„Веќе неколку години како челниците на МЗТ Скопје го водат клубот во надолна линија. Долгови од стотици илјади евра, лажни ветувања, истите бајки во круг и нетранспарентно работење се она со кое се соочуваме позади затворени врати. Но, шлагот на тортата беше ставен пред некоја недела кога директно према нас имаше обид за саботажа. Затоа се решивме битката да продолжиме да ја водиме пред јавноста, а со тоа да побараме оставка и конечна промена во раководството. УПРАВА КРАЈ!“ – се вели во соопштението од „Фемили Аеродром“.
Навивачите на македонскиот шампион своето незадоволство од директорот Ѓоревски го искажаа и преку транспарент на денешниот натпревар на МЗТ против Гостивар во македонското првенство.
„Од лошиот филм образот ти е ѓон… Клубот стана циркус од директорот кловн“ – напишаа навивачите на МЗТ Скопје Аеродром.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА