Макс Ферстапен на доминантен начин стигна до втората шампионска титула во Формула 1, а таткото на асот на Ред Бул, Јос Ферстапен, изјави дека на неговиот син веќе му станало здодевно на патеките.
Светскиот првак стигна до рекорди 15 победи на вкупно 22-те одржани трки, освојувајќи вкупно 454 бода, дури 146 повеќе од второпласираниот Леклер.
„Мислам дека малку му дојде се преку глава, особено сега кога титулата е осигурана. Здодевно е цело време да се победува, недостигаат возбудите и неизвесноста“, изјави Јос Ферстапен.
Според него, добро за спортот е во следната сезона да може да се проследи далеку понеизвесна битка од годинава.
„Искрено верувам и се надевам дека следната година ќе има далеку понапната борба. Тоа е впрочем и целта на новите правила. Немам нитшто против тоа, напротив, во корист на сите е првенството да биде неизвесно до самиот крај“, истакна Ферстапен Сениор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА