Флорентино Перез сериозно размислува за тренерска смена во кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, по слабиот старт на сезоната на „кралевите“, како во домашното првенство, така и во Евролигата. Последниот пораз од Сарагоса ја прели чашата со незадоволство од работата на Хесус Чус Матео, кој не покажува капацитет да го води тимот преполн со кошаркарски ѕвезди во своите редови.
Шпанскиот портал „Релево“ открива дека Перез е многу блиску до разделба од Чус Матео, но отказот ќе биде врачен дури откако ќе биде пронајдена адекватна замена.
Во игра според истиот извор се две имиња, и тоа Александар Ѓорѓевиќ и Андре Тринкиери. Италијанскиот стручњак е покомпликувана варијанта бидејќи се уште е под договор со Баерн Минхен, додека Ѓорѓевиќ е слободен уште од заминувањето на кормилото на Фенербахче на крајот од минатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА