Давиде Фратези инсистира да му биде дозволено веќе во јануари да си замине од Интер откако повторно остана без посериозна минутажа и првотимски статус и кај Кристијан Киву, откако истото беше случај и под водство на Симоне Инзаги.
Фратези беше незадоволен и сакаше да си замине и минатото лето, но тогаш Киву инсистираше на негово останување ветувајќи му позначајна улога во тимот. Се остана на празни ветувања, а поранешниот ас на Сасуоло е особено разочаран што предност пред него добива дури и Хрватот Сучиќ, кој пристигна минатото лето, но сепак има поголема минутажа од Фратези.
Тој верува дека слабата минутажа му се одразува и врз улогата во националниот тим, токму поради тоа инсистира на трансфер во мундијалска година, а Интер нема намера повторно да му застане на патот.
Информациите од Италија говорат дека Интер ја одредил и цената – 30 милиони евра што очекува да ја заработи од продажбата на овој офанзивен играч за врска.
Јувентус и Рома покажуваат сериозен интерес за Фратези, а не се исклучува можноста тој да се пресели во Премиер-лигата каде Ливерпул најави понуда за овој фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

