Селекторот на Велс, Роб Пејџ истакна дека нема да му дозволи на неговиот капитен Герет Бејл да игра голф за време на Светското првенство во Катар.
Најдобриот фудбалер на Велс е голем љубител на овој спорт, и често знаеше да го игра, особено додека беше дел од Реал Мадрид, меѓутоа селекторот на Велс е категоричен.
„Тоа е точно, нема играње голф. Ќе одиме таму по друга работа. Претходно можеа да ми дојдат неколку играчи меѓу кои и Герет и да ме прашаат каков е планот за утре, за да играат голф. Сега имаме малку време да се подготвиме, и ќе нема време за други активности. Натпреварите ќе се играат на секои четири дена“, рече Пејџ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА