На фудбалерот на Борусија Д. му се заканува затвор од 10 години

Фудбалерот на Борусија Дортмунд и некогашен германски репрезентативец Нико Шулц, се најде во центарот на вниманието во Германија, откако е осомничен дека извршил семејно насилство. Не само што нема иднина во тимот на „милионерите“, туку сега Шулц го чека и борба за да ја докаже својата невиност. Поранешната девојка го пријавила.

Полицијата веќе го претресе станот на левиот бек, а германскиот „Билд“ објави детали околу насилството кое се случило 2020 година.

Шулц наводно и нанел повреди на девојката додека била трудна, а полицијата има и конверзација во која фудбалерот и се заканува. Наводно дефанзивецот ја шутирал девојката во стомакот додека таа била трудна, две недели пред раѓањето, а тоа придонело на абортус и губење на детето.

Јавниот обвинител од Дортмунд потврди дека девојката поднела кривична пријава против фудбалерот. Ако се покаже како виновен, му се заканува и 10 години затвор. Веројатно неговата фудбалска кариера е веќе готова и тоа на 29 години. Шулц во 2019 година дојде во Борусија од Хофенхајм.

Германската јавност остана шокирана по овој настан, а Нико Шулц денеска „исчезна“ од социјалните мрежи. Се огласи и тимот на Борусија Дортмунд кој кажа дека нема да превзема никакви дејствија против фудбалерот, се додека обвинителството не докаже дека е виновен.

Се вчитува...