На Ѓоковиќ му беа потребни три часа да се пласира во второто коло од Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ потешко од очекувањата ја надмина првата пречка до посакувалната титула на Австралија Опен. Во првото коло Србинот се сретна со Нишеш Басавареди, американскиот тенисер рангиран на 107. позиција, а триумфираше по речиси три часа игра.

Американецот го доби првиот сет со 4-6, по што Србинот покажа класа и одигра својствено. Вториот сет го доби со 6-3, во третиот славеше со 6-4, а во четвртиот со 6-2 за пласман во втората рунда.

Таму за противик ќе го има Португалецот Фариа кој претходно славеше против Котов со 3-0.

Се вчитува...