Поранешниот тенисер и светски број еден Џим Куриер не е изненаден од раскинувањето на соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.
Србинот вчера објави дека Британецот не е повеќе во неговиот тим, и дека ја прекинува неколкумесечната соработка која трае од почетокот на годинава.
„Најголемото изненадување беше што тие дури и почнаа да соработуваат. Кога беше објавено на крајот од минатата година, многумина помислија: „Ова е одлично за Новак, ќе го разбуди, ќе му даде нова енергија“, рече Куриер.
Соработката почна добро, Ѓоковиќ стигна до полуфиналето на Австралија Опен, победувајќи го Алкараз, но и доживеа повреда. Откако се опорави, се врати на теренот, меѓутоа не можеше да ја најде својата форма.
„Дали некогаш му бил потребен тренер? Веројатно не. Она што му треба е мотивација. Неговото здравје е добро, но неговиот тенис не е на нивото на кое сака да биде“, рече Куриер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА