Новак Ѓоковиќ застана на првата пречка и на Мастерсот во Индијан Велс. Сосема е јасно дека 37-годишниот Србин е во резултатска криза по поразот од Ботик ван де Зандшулп, но голем проблем е фактот што овој пораз не е единствен.
Ѓоковиќ брзо го заврши настапот на АТП турнирот во Доха, каде во првата рунда беше нокаутиран од Матео Беретини. Кога ќе се земе предвид дека на натпреварот пред тоа, Ѓоковиќ мораше да се соочи со Александар Зверев во полуфиналето на Австралија опен, доаѓаме до фактот дека тој има три порази во низа.
За серија од три порази на Новак треба да се вратиме речиси седум години наназад, поточно шест години, 11 месеци и 16 дена.
Во 2018 година Новак помина низ проблем во истиот период од годината. Тогаш шокантно беше запрен во Мелбурн од Хјеон Чунг, а потоа Таро Даниел го победи во Индијан Велс. Третиот пораз во низа му го нанесе Беноа Пер, нокаутирајќи го Србинот во првото коло на Мастерсот во Мајами.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

