На големината на Мане нема крај: Додека бил во болница, го платил лекувањето на едно дете

Добро е познато дека Садио Мане во поголем дел ги донира парите заработени од фудбалот за својата земја Сенегал во борбата против сиромаштијата. За својот роден град изградил болница, и помагал на многу семејства.

Иако не сака да се пофали со тие работи, и сака тоа да помине анонимно, сепак, некои работи не може да се сокријат.

Сенегалецот после мечот со Буркина Фасо во Африканскиот куп на нации заврши во болница во Камерун, каде имаше потрес на мозокот. Мане беше во болница превентивно, а лекарите ја следеа неговата состојба по ударот со соиграч.

Додека бил во болницата, слушнал дека една фамилија немала пари да плати за лекување, а не помогнално ниту ветувањето дека ќе платат на одложено. Веднаш откако Мане чул за приказната, рекол дека ќе ја подмири сметката само да го излекуваат детето.

Фамилијата во солзи му се заблагодарила на Мане. Иако приказната сакал да помине анонимно, сепак, излегла во јавноста.

Се вчитува...