На фудбалерот на ПСЖ и репрезентативец на Мароко, Ашкраф Хакими му се заканува казна затвор од 15 години доколку биде прогласен за виновен за случај за силување кој трае веќе две години.
Обвинителството во Нант и официјлано побара на фудбалерот да му се суди пред кривичен суд што претставува клучен чекор за конечниот епилог на случајот кој се темели на случувањата на 25. февруари 2023 година кога Мароканецот во својот дом во западниот дел од Париз повикал девојка преку социјалната мрежа „Инстаграм“ па без нејзино одобрение ја присилил на сексуален однос.
Хакими ги негира обвинувањата, а ја има поддршката и од ПСЖ. Адокатскиот тим на фудбалерот тврди дека средбата била прифатена од страна на двете страни и дека не постојат доволно докази тој да биде прогласен за виновен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

