На Хамилтон треба да му го ’украдат’ болидот, за Фетел да стане шампион

Актуелниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон ќе ја завери петтта титула во најбрзото првенство ако биде до седмото место на трката за големата награда на Мексико в недела.

Британецот во моментов има 70 бода повеќе од конкурентот Себастијан Фетел, кој на располагање има максимални 75 бода од преостанатите три трки до крајот од сезоната.

„Бонус е кога титулата ќе ја освоите со победа. Затоа ќе се обидам да победам в недела и да го кренам пехарот“ – вели Хамилтон.

Минатата сезона, пилотот на Мерцедес ја потврди шампионската титула токму на трката во Мексико освојувајќи го деветтото место. Хамилтон пропушти можност минатиот викенд на трката во Остин, да ја заврши работата уште порано.

 

 

Се вчитува...