На Ибрахимовиќ му се заканува казна која може да стави крај на блескавата кариера

Кавгата помеѓу Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку на средбата во четвртфиналето од Купот на Италија помеѓу Милан и Интер, денеска доби и поголеми размери откако Швеѓанецот заврши на испитување во Италијанското јавно обвинителство поради можност од расистичко однесување.

Во контекст се земаат зборовите на Ибрахимовиќ, „Оди прави ги тие вуду ср.ња“, а доколку Обвинителство утврди дека станува збор за расизам, истите можат да значат казна која што ќе го оддалечи напаѓачот на Милан од терените од дваесет дена до целосна забрана за играње фудбал.

Покрај Златан, испрашани ќе бидат и фудбалерот на Интер, Ромелу Лукаку и судијата на натпреварот Паоло Валери, а сите одлуки на судот и дисциплинските комисии ќе бидат позанти следната недела.

 

 

Се вчитува...