На Ибрахимовиќ му скратиле една фунта од платата во Манчестер: „Потоа велат дека е најголем клуб на светот“

Златан Ибрахимовиќ во своите книги и мемоари, открива интересни ситуации од својата кариера. Откри како во 2016 година, Манчестер Јунајтед му одбила една фунта од платата.

Ибрахимовиќ се почастил со пијалок од хотелскиот мини бар. Но, остнал шокиран кога видел дека поради тоа му било скратено од плата.

„Да бев на обичен состанок во Рим со Галијани, тој би се погрижил да ми го отстапи клупскиот авион, и притоа не би платил ништо“, рече Ибрахимовиќ и додаде:

„Не велам дека се би требало да биде бесплатно. Ама, сок…? И потоа велат дека се најголемиот клуб во Светот“.

Се вчитува...