Жерар Пике, фудбалерот на Барселона кој е добро познат по инвестициите во разни фирми се соочи со неочекуван проблем откако на земјиштето вредно речиси 20 милиони евра на кое предвидил градба на луксузен хотел во Малага биле откриени 250 гробови.
Тоа ќе го испори процесот за изградба на луксузниот хотел и му донесе дополнителни проблеми на Пике кој неодмна се разведе од својата долгогодишна сопруга, Шакира.
„Пронајдовме околку 250 гробници, а најголемиот дел од нив се празни. Најверојатно тие никогаш не биле искористени и не се вредни за да бидат сочувани. Ова е најголемото откритие на гробници во Шпанија досега“, вели археологот Алберто Кулпијан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

