„На Јокиќ тешко му падна неуспехот на ЕП, затоа сега сака одмор“

Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Србија, Марко Симоновиќ го коментираше составот на селекцијата за престојното светско првенство.

Србија на Мундобаскетот 2023 ќе игра без Никола Јокиќ, а во тимот нема да бидат ниту Никола Калиниќ и Василије Мициќ.

„Не сме комплетни, но и натаму имаме квалитет. Апелирам во оваа прилика повеќе да зборуваме за оние момци кои се јавија на поканата на селекторот, а не за оние кои не се тука. Има простор да се направи добар резултат. Колку што знам целта е пласман на ЛОИ 2024, што значи да бидеме меѓу најдобрите седум селекции на светот. Не сакам прогнози, но верувам во овој тим“ – вели Симоновиќ, кој се осврна и на неиграњето на Никола Јокиќ.

„Имав среќа да играм со Никола во репрезентацијата и добро знам колку сакаше минатата година на ЕП да освои медал, и каква желба имаше што подобро да ја предводи нашата репрезентација. Неуспехот му падна многу тешко, така беше и на СП во Кина во 2019 година. Тој е веќе неколку години најдобар играч во НБА, значи најдобар кошаркар во светот, и може да замислите колку е оптоварен. Може да замислите какви тешки 100 натпревари имаше во сезоната. Треба се тоа да се издржи, затоа едноставно му е неопходен одмор“.

Се вчитува...