На Јуве му се заканува елиминација во Серија Б и одземање на титулите!

Италијанската асоцијација за заштита на правата на потрошувачите (CODACONS) излезе со прилично шокантно тврдење дека Јувентус може да испадне во Серија Б и дека може да му биде одземена последната освоена титула поради финансиска истрага спроведена за бизнисот и политиката на клубот.

Јувентус е осомничен за погрешно прикажување на финансиските податоци, а претседателот на италијанскиот олимписки комитет изјави дека Јувентус може да биде казнет со исклучување во Серија Б и одземање на титулите поради „овие потенцијално незаконски дејствија“.

„Обвинувањата се многу сериозни и фрлаат голема сенка на претходните првенства, особено ако се земе предвид доминацијата што ја имаше Јувентус, а која заврши дури минатата година. Доколку Јувентус незаконски стекнал финансиска надмоќ над другите ривали, тогаш ќе биде доведена во прашање регуларноста на претходните првенства, а како последица на тоа ќе имаме истраги кои ќе треба да ги покрене државата и Комитетот за пазарна еднаквост. Наскоро ќе биде поднесено барање до државното обвинителство Јувентус да испадне во Серија Б и да му бидат одземени титулите освоени под сенката на овие потенцијално незаконски операции“, стои во соопштението на финнансиската полиција.

Се вчитува...