На Јувентус му се закануваат нови санкции

Италијанската фудбалска федерација го обвини Јувентус и седум поранешни функционери на клубот за „измама“ во врска со платите, со што се можни нови санкции, тврди „Газета дело Спорт“.

Раководството на клубот од Торино, кои може да бидат санкционирани од федерацијата се Ањели, Недвед, Паратичи, Керубини, Мана, Морганти и Брагин. Имињата им се поврзани за прекршување на членот 4 од Кодексот на спортот, и се најавува постапка против нив во јуни оваа година.

Со тоа клубот се соочува со закани од нови суспензии, вклукувајќи ги и санкции и ново одземање на бодови. „Бјанконерите“ се надеваат дека нема повторно да се најдат во ситуација да им бидат одземени бодови.

Околу одземањето на бодови, ќе стане јасно во понеделник на 22. мај откако Јувентус ќе треба да се брани за друг финансиски случај, кој ќе важи за сезоната 2022/23. Се шпекулира дека на Јувентус ќе му бидат одземени девет бода, после вратените 15 кои му беа одземени во првиот дел од сезоната.

Се вчитува...