На Јувентус ваков пораз не му се случил цели 17 години

Јувентус вчера на гостувањето во Лондон, беше убедливо поразен со 4:0. Тоа беше еден од највисоките порази на Јуве во Лигата на шампионите. Европскиот првак ја искористи шансата, и убедливо славеше на крај. Меѓутоа и двата тима одат во следната фаза.

Тој пораз од 4:0, за Јувентус беше најтежок после 17 години. Последен пат тимот од Торино доживеа пораз со четири разлика во февруари 2004 година, кога со истиот резултат загуби од Рома во натпревар од Серија „А“.

Се вчитува...